Фраер

Секој е уникатен на свој начин, а нам ни се потребни уникатни личности! Твојата уникатност може да ти овозможи твојот глас да биде гласот на некоја од рекламите кои се вртат по радио и ТВ станиците и на интернет! Стани дел од најголемата база на гласови во Македонија и позајми го својот глас во македонските кампањи на светските брендови. За да се регистрираш, кликни тука, внеси ги твоите контакт податоци и испрани ни демо снимка од твојот глас направена со мобилен телефон. Доколку снимката ја помине првичната селекција, ќе те поканиме во нашето студио за да направиме студиска снимка и ги договориме деталите за нашата соработка.

Мојот Глас е сервис на Тик Так Аудио и претставува база на гласови кои може да се користат во разни маркетинг кампањи на територијата на Република Македонија.  За да ги задоволиме барања на нашите клиенти за свежи гласови, постојано сме во потрага по идни ѕвезди, без оглед на возраста. Доколку мислиш дека имаш убав глас, дикција и можеш да пренесеш емоција додека зборуваш, испрати ни своја демо снимка со мобилен телефон.