Аудицијата е како загреан шпорет, жешко е, понекогаш нервозно, но секогаш под притисок. Не е важно дали Ви е прва или уште една во низата, ниту пак дали е синхронизација или нова реклама, важно е одлично да се претставите и да ја добиете улогата. Се разбира, таму можеби ќе сретнете некој познаник, стар пријател со кој сега не контактирате, поранешен партнер, кој ќе се пофали дека наскоро ќе стапи во брак или некој кој го имате видено на сите можни аудиции. Како да останете смирени, фокусирани и лесно да се претставите себеси во најдобро светло?
-
Загрејте се на време! Загревање во преполна чекална со конкуренцијата која непријатно гледа во Вас и не е најдобра идеа. Погрижете се за Вашата дикција и вокалот уште пред да пристигнете таму, на пример: дома, во автомобилот или додека се движите по улица. Потоа пристигнете на аудицијата, влезете во студиото за снимање и спремни сте!
-
Внесете се целосно во сценариото. Аудициите и синхронизациите знаат да предизвикаат сомнеж или притисок во секого на момент. Пристигнете порано во студиото за да се запознаете со можните варијанти на гласови кои се бараат. Тоа не е како вообичаена аудиција каде пред време знаете каков лик/глас се бара. Ставете слушалки, земете пенкало и забележете си, на што треба да се фокусирате на оваа аудиција во однос на сценариото.
-
Водете се според својата интуиција. Во зависност од тоа дали е реклама за некаков нов лек во фармацевската индустрија или нова детска анимирана телевизиска серија, прилагодете го тонот и темпото на Вашиот глас, со сценариото.
-
Разберете ја точната желба и потреба која се бара од Вас. Запрашајте се “Што е проблемот истакнат во сценариото и што е решението на истиот?” На пример: Проблемот е лошиот здив. Решението е мастика за џвакање од светски познат производител. Доколку не можете да го објасните проблемот и решението во една реченица, премногу размислувате. Рекламите вообичаено траат до 30 секунди и решението треба да е едноставно и кратко.
-
Пијте вода. Пијте уште вода, и повторно напијте се вода. Сувата уста веднаш може да се препознае на микрофон, па помогнете си и гледајте да пиете што е можно повеќе вода пред аудицијата. Секогаш со Вас носете шишенце со вода.
-
Вдишете длабоко, а повторете го истото и по влегувањето во студиото. Може е да добиете само една шанса да прочитате, но доколку ги следите погоре наведените чекори, можете да влезете и да се чувствувате сигурно и самоуверено и да имате одлична аудиција.
Со среќа!