Како до успешна синхронизација?

February 11, 2019
Posted in News
February 11, 2019 Filip Stefanovski

Како до успешна синхронизација?

Што да правиме или што да не правиме, за гласовните уметници/синхронизаторите, тоа е прашање кое секогаш се врти во главата кога и да влеземе во студиото.
Како гласовен актер, Вие ќе бидете зад микрофонот преку кој ќе Ви бидат дадени инструкции за време на снимањето. Но, кога станува збор за домашно студио може да се каже дека ќе бидете посамостојни, ќе ви биде дозволено да импровизирате без повратни информации. Но, дури и во таа ситуација ќе ви бидат потребни некои упатства.

За да добиете почетнитчка предност и да звучите многу добро пред микрофонот постои цела листа на работи што треба и што не треба да ги правите во модерната синхронизација. Значи, следниот пат кога ќе се движите кон следна синхронизациска работа, или доколку само снимате сценарио во Вашето студио, не се вознемирувајте. Ќе бидете подготвени со овие совети за успешна синхронизација.

 

Што треба:

  • Пијте многу вода за вашата уста да не биде сува.

  • Чувајте ги синусите чисти. Доколку не ви е потребна медицинска помош, капките за нос ја завршуваат работата.

  • Правете кардиоваскуларни вежби за подобро дишење.

  • Направете неколку едноставни говорни вежби за да го зајакнете својот изговор и артикулација.

  • Рецитирајте брзозборки.

 

Што не треба:

Ди Бредли Бејкер, гласовен актер со седиште во Лос Анџелес, напиша блог за шестте најчести грешки што дебитантите ги прават во индустријата за синхронизација.

  • Немојте само да читате, соживејте се со улогата. Прочитајте како да разговарате со пријател, сестра, син или со публика. Додадете емоции, пик на аплитудата и онматопеии.

  • Избегнувајте накит (пирсови) на нос и јазик. Дури и најмалото движење ќе наштети на снимката или на вашиот говор и уредникот ќе има тешкотии отстранувајќи ги овие звуци од аудио снимките.

  • Воздржете се од користење на паметни телефони или електронски уреди во студиото додека читате. Ова ќе создаде бучава во позадина што ќе им ја отежни работата на уредниците.

  • Ставете ги вашите мобилни уреди на нечујно. Исто така, известете ги вашите пријатели да почекаат на друго место додека завршите, бидејќи секое одвлекување ќе ја одложи работата, давајќи им на работодавачите лош впечаток.

  • Стратешки наредете ги вашите листови (сценариото) пред вас, пред да почнете, направете некаква шема или редослед, нешто што по кое ќе се водите, за да го избегнувате вишокот на движење.

 

Почитувајќи ги горе наведените правила и со правиот тон на гласот може да направите чуда. Доколку погодно го користите вашиот глас вие ја имате моќта да го направите било кое сценарио – неверојатно.